Фановите на Калиопи и го честитаа роденденот!

Објавено на 28 декември, 2012 во 15:51

Македонската поп дива Калиопи, денес наполни 46 години, а нејзиот ден, фановите од цел свет и го направија уште поубав, и испратија видео со искрени желби за роденден.

Фановите од цел свет во едно видео направено за Калиопи и посака здравје, среќа и успех. Таа пресреќна се обрати на својот профил на Фејсбук.

„Драги мои, одкако ја видов вашата честитка на Youtube не можам да ја тргнам насмевката од лице! Ве сакам!“, објави Калиопи на својот профил.

Таа денес наполни четириесет и шест години, а својата музичка кариера која опстојува до ден денес ја започна со настапот на детскиот фестивал „Златно Славејче“ во 1976 година, со песната Мојата учителка. По тој забележлив настан Калиопи нижи само успеси. Последно што таа и го подари на својата публика беше носечката песна „Мелем“ на нејзинот нов истоимен албум кој треба да излезе наредната година.

Екипата на Дума.мк упатува искрени желби за здравје, среќа и успех на Калиопи, а овде можете да го погледнете видеото што фановите го испратија до Калиопи:
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=eV4nH4MxPZY&feature=youtu.be|308|200|0{/youtube}

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.