Сопругот на Кејт Винслет позирал во фустан, сега се суди сликите да не бидат објавени?!

Објавено на 8 јануари, 2013 во 22:59

Сопругот на глумицата Кејт Винслет, Нед Рокенрол, се обидува со судски процес да го забрани објавувањето на фотографиите каде тој позира во фустан. Внукот на Ричард Бренсон се сликал за време додека бил во училште, а сега таблоидите се обидуваат да ги изнесат спорните фотографии во јавноста.

Нед Рокенрол се појавил во Судот во Лондон, со цел да го спречи објавувањето на фотографиите за кое мисли дека би му го нарушило угледот.

Фотографиите кои неговиот адвокат ги окарактеризираше како „училишни лудувања“ се превземени од Фејсбук, па новинарите претпоставуваат дека имаат право да ги објават.

„Мојот клиент е овде за да го заштити нападот на неговата приватност. Фотографиите настанале на приватна забава во семејниот дом и не можат да се разберат никако поинаку, освен како приватни семејни фотографии“, рече неговиот адвокат.

Тој додаде дека Рокенрол бил шокиран кога дознал дека некого го интересираат неговите фотографии, затоа што пред бракот со Кејт никој не ни знаел кој е всушност тој.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.