Втората истрага потврди: Еми Вајнхаус умрела од труење со алкохол!

Објавено на 8 јануари, 2013 во 23:06

Втората истрага за смртта на британската пејачка Еми Вајнхаус, денес, потврди дека таа умрела од случајно труење со алкохол.

Втората истрага е покрената поради што е утврдено дека судскиот вештак кој ја водел истрагата нема доволни квалификации.

Еми беше пронајдена мртва во својот дом во Лондон во јули 2011 година. Тогаш таа имаше 27 години, а со истрагата е утврдено дека починала од случајно труење со алкохол.

Втората судска истрага само ги потврди наодите постигнати од првата.

Еми ќе остане запаметена по многубројните хитови и препознатливата боја на гласот, вечерва уживајте во нејзината :

{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=TJAfLE39ZZ8{/youtube}

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.