Елтон Џон со помош на сурогат мајка доби уште едно дете!

Објавено на 11 јануари, 2013 во 00:40

Елтон Џон и неговиот сопруг Дејвид Фурниш најверојатно по втор пат станаа родители, одкако сурогат мајка родила дете, а полот на истото се држи во тајност.

Елтон Џон и неговиот партнер во ноември открија дека чекаат уште една принова, но одбија да го откриваат идентитетот на сурогат мајката, но најверојатно се претпоставува дека се работи за истата жена која пред две години го роди нивниот син Закарија.

„Елтон и Дејвид таа жена ја сакаат како да им е сестра и чувствуваат дека многу направила за нив. Секако, таа добила добар паричен надоместок, а нејзиниот идентитет никогаш нема да биде откриен“ кажа еден пријател на овој пар, воодушевен од приновата.

 

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.