Адел и Викторија Бекам во трка за титулата: Мајка на годината!

Објавено на 19 февруари, 2013 во 13:59

Адел, Викторија Бекам и Лили Ален се номинирани за наградата „Позната мајка на годината“, која ја доделува Фокси Бинго Лотаријата. Минатата година титулата ја освои британската старлета Кети Прајс, попозната како Џордан.

Пејачката Адел која роди син минатата година би можела да биде добитник на оваа награда.

Во медиумите се појавија гласини дека таа се грижи сама за бебето, затоа што нејзиниот вереник Сајмон Конеки е постојано зафатен.

Во конкуренција се уште и Викторија Бекам, Лили Ален како и параолимпијката Сара Стори.

Занимливо е штоможност за победа има и војводката Кејт Мидлтон, која нема да се породи до 10 март, за кога е закажано доделувањето на наградата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.