Миле, Цацко и Тошо на турнеја во Австралија
Објавено на 13 мај, 2013 во 13:31
Триото кое секојдневно ги смее гледачите на популарното шоу К-15, замина на турнеја во Австралија, каде ќе изведе серија настапи пред нашата дијаспора.
Граѓаните Сиднеј, Мелбурн, Волонгонг и Перт ќе бидат домаќини на популарните членови на К-15, кои своите фанови ги поздравија со фотографија на својот Фејсбук профил, веднаш по пристигнувањето во Сиднеј.
За кратко време сликата заработи повеќе од 11.000 лајкови./В.Р
