Убави мисли за убав ден
Објавено на 1 октомври, 2014 во 06:36
Прочитајте ги овие неколку убави мисли, можеби ќе Ви го разубават денот:
„Совршена љубов е онаа која те прави несреќен“ – Сорен Киркегард
„Љубовта е да се биде глупав заедно со уште една личност.“ – Пол Валери
„Мажите секогаш сакаат да бидат прва љубов на жените. Жените пак во тоа се попрефинети: сакаат да бидат нивната последна љубов.“ – Оскар Вајлд
„Секоја книга има душа, душата на личноста што ја напишала и душите на оние кои ја прочитале и сонувале за неа.“ – Карлос Руиз Зафон
„Животот е нешто што се случува додека сте зафатени и правите планови за други работи.“ – Џон Ленон
