Новата 2021 година пристигна во Нов Зеланд (ВИДЕО)
Објавено на 31 декември, 2020 во 14:16
31.12.2020
Нов Зеланд слави на вообичаен начин, бидејќи таа земја се избори со коронавирусот, па луѓето се многу порелаксирани и им е дозволено да се собираат.
Најимпресивниот дел од пречекот, како и досега, беше големиот огномет во Окланд.
Пред него, првите се радуваа жителите на островите Самоа и Кирибати. Овие две територии се најнапредните временски зони.
Двете земји беа отсечени од светот поради пандемијата „ковид 19“, затоа прославите не беа вообичаени.
Покрај тоа, има проблеми во овој дел од светот како резултат на зголемувањето на нивото на морето како резултат на климатските промени.
Самоа и Кирибати во моментов се затворени за туристи, а немаше огномет на полноќ по локално време.