Закажан првиот комерцијален лет во вселената
29.01.2021
Приватната компанија „Аксиом Спејс“ откри дека ќе изврши прв комерцијален лет на Меѓународната вселенска станица (МВС), но тоа ќе се случи најбрзо во јануари 2022 година.
„Аксиом Спејс“ ќе лансира мисија која ќе биде прв лет досега кон станицата, која се наоѓа на 408 километри од Земјата, пишува „Индепендент“.
Мисијата веќе го доби името Ах-1 и ќе ја предводи Мајкл Лопез-Алехрија, кој веќе бил астронаут на НАСА, бидејќи досега четири пати летал во вселената, а сега е потпретседател на „Аксиом Спејс“.
Останатите тројца членови на тимот се приватните инвеститори – Американецот Лери Конор, Канаѓанецот Марк Пати и Израелецот Ејтан Стибе.
Со мисијата наречена Ax-1 ќе управува компанијата Axiom Space, а во неа како командант ќе учествува поранешниот астронаут на американската вселенска агенција НАСА Мишел Лопез-Алегриа, кој воедно е и потпретседател на споменатата компанија. Функцијата на пилот ќе ја извршува бизнисменот Лер Конор.
Патувањето на МВС ќе чини 55 милиони долари по лице, а лансирањето на капсулата Crew Dragon, која ја произведе компанијата SpaceX, нема да биде направено пред јануари 2022 година.
Канадскиот инвеститор и филантроп Марк Пати и неговиот израелски колега Ејтан Стибе ќе бидат специјалисти во мисијата.
Четирите цивили времето во вселената ќе го поминат на американскиот дел од МВС каде ќе се задржат осум дена и ќе спроведат истражување финансирано од приватни средства.
Лопез-Алегрија последен пат бил на МВС во 2007 година, а во текот на своите дваесетгодишни мисии четири пати бил во вселената. Ако се оди според планот, ќе стане првиот човек кој бил командант на цивилна и приватни вселенски мисии. Конор ќе стане првиот пилот на приватна вселенска мисија во вселената.
Поранешната астронаутка на НАСА Пеги Витсон ќе биде резервен командант на мисијата,
Компанијата Axiom Space е основана во 2016 година, и има намера да нуди приватни и национални летови во вселената два пати годишно, а тој број може да се зголеми.
Американскиот Конгрес сака да ја „пензионира“ МВС до крајот на 2030 година, а НАСА задолжи некои компании да направат „приватен хотел“ за вселенската станица кој би можел да се спои со структуратанајрано во 2024 година.
Компанијата Axiom Space е меѓу они кои развиваат „вселенски хотел“, а неговите сегменти ќе се одвојат од МВС кога таа ќе ја заврши својата служба.
Мите Јаначков