„Катедралата на отпадот“: Една од најчудните туристички атракции во светот (фото)

Повеќе од 30 години еден жител на Остин во Тексас, Винс Хенеман, собира туѓ отпад и гради џиновска скулптура/објект во својот двор. Позната како „Катедрала на отпадот“, локалната атракција е толку популарна што тука се организираат и прослави.
Хенеман почнал да го гради дворецот од ѓубре во своите дваесетти години и се проценува дека градбата содржи околу 60 тони отпад, вклучувајќи велосипеди, цедиња и друг вид на отпад. Рамките на структурата се исполнети со различни предмети, од шишиња и кујнски прибор до делови од косилки за трева и електрични уреди. Поголемиот дел тешко се препознаваат, а структурата е опишана како „организиран неред“.

Објектот има неколку нивоа, сводови, како и набљудувачница, но и „Соба на престолот“. Постојат неколку јазли и постојки за истражување, како и скали за искачување. Се чини дека некои делови од катедралата имаат одредена тема, додека другите сегменти се едноставно хаотично спојување на различниот отпад.
Оваа „градба“ постојано се менува. Ханеман често додава и отстранува предмети од својот објект. Додека соседите на Хенеман се свесни за нејзиното присуство, оваа уметничка инсталација не е видлива од предниот дел на неговата приградска куќа.

„Таа е поголема отколку што изгледа. Постојат неколку катови и просторија во внатрешноста на катедралата. Ова е една од многуте атракции на Остин која го одржува чуден“, вели посетителот Тони Гарсија.
Пред дваесет години, Хенеман започнал да ја демонтира оваа градба, но брзо сфатил дека не може туку така да ја напушти. Дури 14.000 посетители годишно плаќаат за посета на оваа необична атракција, посетата се закажува однапред, а дневното ограничување е до 300 посетители.

Ханеман ова место го нарекол своја клубска куќа и немал големи очекувања кога започнал да ја гради. Едноставно тој сакал да составува стар отпад, а доколку дојде денот кога тој ќе се засити, вели дека ќе престане со тоа.
