Кина во долгорочно планирање предвидува испраќање на луѓе на Марс !
Кина има план за Марс кој вклучува присуство на луѓе на Црвената планета како и градење база и искористување на ресурсите.
Ванг Сјаојинг, претседател на Кинеската академија за истражување на ракетна технологија, го објави тој план на конференцијата за глобално истражување на вселената.
Планот на Кина за Марс до 2029 година е официјално познат. Се планира мисија што ќе има задача да собере примероци од Црвената планета.
Кинеското летало „Тајнвен 1“, кое служи и како демонстрација на идната мисија, слета на Марс во средината на мај оваа година.
Сепак, според Ксиаоинг, Кина има многу подолгорочни планови за Црвената планета.
Идните кинески мисии без екипаж треба прво да го отворат патот за изградба на орбитална станица, а потоа и база на површината на Марс.
Последниот дел од планот е формирање на таканаречената „екосфера“, на која би се сервирала голема флота што би летала меѓу Земјата и Марс како и употребата на ресурсите на Црвената планета.
Додека мисиите без екипаж ќе бидат испратени на Марс со конвенционални ракети, вселенските бродови планирани да ја одржуваат врската помеѓу таа планета и Земјата ќе бидат изградени во орбитата на електричен и нуклеарен термички погон.
Товарот би бил транспортиран на Марс и би слетал на планетата одделно, бидејќи би имало специјални возила што би се движеле помеѓу орбитата и површината на планетата, кои исто така би биле користени за трансфер на членови на екипажот, пренесува Спутник.
„Еконосфера“ значи изградба на флота на вселенски летала што може да се користат повеќепати, како и складирање на гориво во орбитата, што ќе овозможи надополнување на леталото.
Сепак, не е познато која е временската рамка на овој план, но постојат и извори што предвидуваат дека планот е „во многу рана фаза“.
Според сајт, планот сè уште не ги вклучува предизвиците за испраќање луѓе на долго патување во вселената, поради зрачењето и ефектите од микрогравитацијата, што треба да ги развиваат кинески институти.
Сè уште не е јасно кога Кина планира да испрати човечки екипаж на Марс, но се претпоставува дека тоа ќе биде по испраќањето астронаути на Месечината, што е планирано за 2030 година.
Кина неодамна испрати човечки екипаж во вселената, по петгодишна пауза, што е дел од планот за завршување на вселенската станица до крајот на следната година.