„Си го бара“ со спот на Пука Козметика

Објавено на 19 јануари, 2013 во 13:17

Хип-хоп братското дуо Пука Козметика повторно со нов материјал во рамки на албумот „Да ви го на…пука пак“. Станува збор за видео запис на нумерата „Си го бара“, чија музика е на Иван Георгиевски – Номадуз, а текст, сценарио и режија на Пука Козметика.

Директор на фотографија е Кристијан Тодоров – Кики, монтажа Жарко Масларковски и пост-продукција Огнен Шапковски. Костимографијата е на Мастер М, М14, а за шминката се погрижи Александра Томиќ – Але. Во видео записот како актери се појавуваат, Евгенија Николовска, Сандра Александрова, Милорад Цаик- Цајо, Мики Растаман, Дамјан бенз, Диџеј Је Ја, Мастер М и Кристијан Теодоров.

Девојките кои се појавуваат во спотот се потенцијални доктори и менаџери и луѓе со позитивни и здрави погледи и не им се препишуваат карактерите на одглумените од нив ликови. За дрските сцени се користени стенд ин актери.

Видео записот наскоро ќе има и своја промоција на МТВ Адриа, а посетителите на ДумаМк можат да го погледнат овде:

{youtube}https://www.youtube.com/watch?v=U5MBlo0EJGw|308|200|0{/youtube}

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.