„Here I stand“: Слушнете ја евровизиската песна во изведба на Васил Гарванлиев (ВИДЕО)

Објавено на 12 март, 2021 во 08:41

vasil garvanliev

12.03.2021

Премиерно пред македонската публика вчера беше промовиран спотот за евровизиската песна „Here I stand“, во Дневник 1 на МРТ , со која ќе се претставиме на 65-то издание на Евровизија во Ротердами. И оваа година Македонија ќе ја претставува Васил Гарванлиев, а песната сега веќе е достапна и на јутјуб – каналот за сите евровизиски фанови.

„И покрај нашата желба да организираме промоција на евровизиската песна со присуство на новинари, со оглед на околностите во државата, воведување полициски час и зголемениот број на заразени од корона вирусот, одлучивме дека сепак е подобро да не организираме собири на кои сите би се изложиле на евентуална опасност и зараза“, соопштија од евровизискиот тим.

Песната е работена според мелодија и текст на самиот Васил, а за аранжманот и продукцијата се погрижија Борче Кузмановски и Давор Јордановски.

Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.