Направете сами природен серум за лице од портокал: Преполн витамин Ц, ги ублажува брчките, а кожата сјае

Објавено на 22 ноември, 2022 во 12:05

Одвојте малку време и ќе добиете фантастичен, ефикасен и целосно природен производ за нега на вашата кожа.

Негата на кожата е исклучително важен елемент во секојдневниот живот. Но, не е неопходно секој пат да одите во продавница или салон за да си обезбедите квалитетен третман. Можете сами да подготвите ефикасен серум за лице со неколку состојки!

Начин на подготовка:

Одделете ја кората од портокалот, исечкајте ја на помали парчиња и оставете ја на сонце неколку часа додека не се исуши.

Потоа во сад ставете ја исецканата и исушена кора, потоа додадете две лажици вода од роза и 1/2 лажица глицерин, па додадете 3 капсули витамин Е.

Кога сето тоа добро ќе се измеша и соедини, покријте го садот со алуминиумска фолија и оставете го да отстои околу шест часа на собна температура.

Потоа, истурете ја смесата во блендер и изматете ја. Кога добиената смеса ќе ја процедите преку цедалка, ќе го добиете серумот за лице.

Домашниот серум можете да го ставите во шише за полесно да го користите и чувате. Можете да го користите секојдневно. Кога ќе го втриете, преку него можете да ја нанесете кремата која ја користите.

Главната состојка на овој серум е кората од портокал, која е богата со витамин Ц, го стимулира колагенот и еластинот во кожата, правејќи ја пожива, поеластична и посјајна.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License