Серии и филмови кои ќе бидат доза на инспирација за влез во 2023 година
Започнете ја 2023 година со доза на инспирација што ви ја носи Pickbox NOW со разновиден избор на серии и филмови.
Крајот на годината и почетокот на новата секогаш е проникнат со размислувања за моменталната животна ситуација и новогодишните одлуки. Овој период е совршен за уживање во инспиративни и трогателни серии и филмови.
Love me
Австралиската мини серија, „Love Me“ е една од најдобрите современи серии за нови почетоци, која го прикажува процесот на тагување и животот по смртта на некој близок член на семејството. Серијата започнува со смртта на Кристина (Сара Пирс), која ненадејно умира откако ја прослави четириесетгодишнината од бракот. Заплетот ги прикажува членовите на нејзиното семејство, сопругот Глен (Хуго Вивинг), ќерката Клара (Бојана Новаковиќ) и синот Арон (Вилијам Лодер), кои се справуваат со загубата на различни начини. Инспиративна, трогателна и понекогаш поучна – оваа необична серија лесно ќе ве вовлече во своето дејствување и ќе ве потсети на бројни животни лекции.
Nico
Нико е германски филм за истоимената хероина којашто ја игра Сара Фазилат, со персиско потекло. Таа оди на одмор заедно со нејзината најдобра пријателка Роза, којашто ја глуми Јавех Асефџах, а за време на одморот доживува расистички напад кој ја остава со егзистенцијални сомнежи. Еден ден решава да стави крај на жалоста и да се соочи со стравот од идни физички закани. Оди во карате студио и почнува да тренира со светскиот карате шампион.
See Girl Run
Еми што ја глуми Робин Тани, е растргната помеѓу минатото, сегашноста и можната иднина. Таа не е задоволна со својот брачен живот, па тргнува во потрага по својот средношколец Џејсон, односно глумецот Адам Скот. Очекува да добие јасни одговори на сите прашања и да ја најде среќата и благосостојбата што ги бара, но допрва треба да доживее вистинска животна авантура и да се соочи со своите најголеми несигурности.
Дума.мк