Тина Тарнер продаде музички права за 50 милиони долари

Објавено на 7 октомври, 2021 во 10:18

Тина Тарнер ги продаде правата од својот музички опус на издавачката куќа BMG, пренесе Би -Би -Си во средата.

BMG, исто така, доби права за нејзиното име и ознаки за идентитет за идните спонзорски и продажни договори.

Компанијата не објави колку платила, но информирани извори велат дека се работи за повеќе од 50 милиони американски долари.

Тарнер (81) рече дека верува оти нејзината музика е „во сигурни раце“.

Тина освои 12 Греми и ќе влезе во рокенрол Салата на славните како соло уметник овој месец, откако беше примена во тој пантеон во 1991 година со нејзиниот поранешен сопруг Ајк.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.