Уметниците на специфичен начин во борба против војната во Украина
Уличните уметници ширум светот сликаат на градските ѕидови во знак на солидарност со Украина. Многу уметници насликаа шокантни слики кои ја истакнуваат борбата на Украинците за време на руската инвазија, додека други го осудуваат рускиот претседател Владимир Путин за глобалната криза.
Многу улични уметници ја користат својата уметност за да го осудат нападот на Украина и да шират различни пораки, но тие се единствени во една работа: сакаат војната да заврши што е можно поскоро.
Приказ на расплакано око во боите на украинското знаме од уметник под псевдонимот MyDogSighs е создаден за да се нагласи „ужасната ситуација“ по инвазијата на Русија. Насликана е на Норткот Лејн во Кардиф, каде има многу графити.
“Сите седевме и гледавме како се развива оваа ужасна ситуација. Иако не многу, сакав да го направам она што најдобро го знам за да ја истакнам мојата тага и гнев поради руската инвазија на Украина. Користев две слики за да ја создадам силуетата. Првата е прекрасната центарот на Киев, а втората е моќна фотографија која утрово се појави на мојот Твитер и е од вчерашниот напад. Солза зборува сама за себе. Страшна ситуација“, напиша уметникот покрај својата слика.
Уметникот Воскерски од Лондон ја сподели својата работа на Инстаграм со натпис што јасно стави до знаење дека иако уметничкото дело не може да и помогне на Украина, тој се надева дека ќе помогне на некој друг начин.
„Свесен сум колку е бесмислена онлајн поддршката за храбрите луѓе во Украина кои се борат за своите животи и својата земја, но сепак се надевам дека оваа мала почит ќе помогне на некој начин“, рече тој.
Во Франција, Seth Globepainter сподели едноставно, но „слатко“ дело на улична уметност во париската населба Butte-aux-Cailles. Таа претставува млада девојка која го носи украинското знаме додека гази на тенкови.
Графитот на уметникот Еме Фритинкер е на Берлинскиот ѕид со пораката Стоп за војна.