Охриѓанец со своето откритие претставен на National Geographic

Објавено на 24 февруари, 2016 во 08:53

Популарниот научен телевизиски канал “National Geographic”, деновиве емитуваше кратка емисија за големото откритие на кое работат неколку светски научници меѓу кои е и охриѓанецот Виктор Груев, инаку професор на Универзитетот „Вашингтон“ – Сент Луис, Мисури, САД.

Тој е пронаоѓач на специјални очила со кои хирурзите за време на операција можат да ги видат клетките на туморот. Пронајдокот претставува вистинска мини револуција во светската медицина, бидејќи овозможува прецизно отстранување само на заболените клетки и запазување на здравото ткиво.

Во емисијата “EXPLORER” Д-р Груев е претставен како футуристички научник кој го изучува сложениот вид на инсектите и други мали животни со цел да развие технологија со која ќе се детектираат клетките на ракот. Груев вели дека природата изградила комлексни системи за вид кои на живите суштества им овозможуваат да опстанат, а посебно е фасциниран од видот на малото морско ракче Мантис. Тоа има сложени очи со нано келии и исклучитено чувствителни сензори за вид кои распознаваат шеснаесет различни спектри на бои, од сина до инфрацрвена, односно гледаат неколку милиони бои повеќе од човекот.

-Технологијата со поларизација на слики има потенцијал револуционерно го промени начинот на кој гледаме на многу проблеми во медицината и да помогне да се дијагностицира рак, и што е важно оваа технологија е евтина. – вели Виктор Груев во емисијата на “National Geographic”.

Извор: Локално.мк

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.