ФОТО: Талентирана мејкап артистка го користи лицето како платно за цртање

Објавено на 10 март, 2013 во 12:29

Сандра Холмбом е мејкап артистка која го користи своето лице како уметничко платно.

Талентираната 26-годишна Швеѓанка започнала да создава креативни дела од шминка пред три години. „Започнав да правам понапредни мејкап дизајни пред три години. Самоука сум и во најголем дел се учев од туторијали на YouTube. Инспирирана сум од природата, животните, сликите и слични нешта“ – изјавила таа.

На почетокот Сандра сликала со шминка само кога и било здодевно, но сега таа сè почесто си поставува амбициозни цели во форма на комплицирани дизајни.

„Добивам слатки и позитивни реакции за мојата шминка и тоа ме усреќува. Често слушам дека ги инспирирам другите, а тоа е особено забавно“ – рекла таа.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.