Приходите на Армани поголеми од две милијарди евра!
Објавено: 23 мај, 2013, во 10:20 часот
Италијанската модна куќа “Џорџо Армани” соопшти дека минатата година остварила приходи кои надминале две милијарди евра, 16 отсто повеќе во однос на резултатот од 2011 година, вклучувајќи го и растот од 11 отсто во кризата што ја погоди Европа.
-“Одличните резултати ја покажуваат способноста на компанијата да ја зацврсти својата позиција во секторот“, – изјави сопственикот на фирмата Џорџо Армани , пренесува агенцијата Франс прес.
Приходите во 2012 година пораснале на 2,09 милијарди евра со особено остар пораст на Далечниот исток од 29 отсто, вклучувајќи скок на приходите од 39 отсто во Кина.
