Најголемиот Лего модел на светот!
Објавено на 25 мај, 2013 во 15:50
Најголемиот Лего модел на светот е претставен на Тајм Сквер во Њујорк.
Направен од 5.335.200 лего коцки според моделот на ѕвезденото летало на Лук Скајвокер од филмот „Војна на ѕвездите“, моделот е донесен во САД од градот Кладно во Чешка каде го состави екипа од 32 лица.
Висок 3,35 метри со должина од 13 метри, моделот е изложен на Тајм Сквер пред граѓаните на Њујорк.
