Неверојатното дејство на сода бикарбона во служба на убавината

Објавено: 7 јуни, 2013, во 13:26 часот

Кога се во прашање некои дневни или неделни ритуали за нега и убавина на телото можеби никогаш не ви паднало на памет за што мое да послужи сода бикарбона.

● Сода бикарбона може да ви послужи како дезодоранс. Наједноставно е да се нанесе под пазуви со сунѓерче за пудра.

● Измешајте половина лажиче сода бикарбона со паста од пероксид и користете ја како паста за заби.

● Сода бикарбона може да послужи и како пилинг за лицето и телото.

●Додадете сода бикарбона во купката за помека кожа.

● Сода бикарбона е добра против чешање после каснување од инсект а добра е и за намалување на болка од изгореници од сонце.

● Интересниот бел прав може да ви послужи за отстранување на неубави мириси од рацете така што ќе ги истриете со сода бикарбона и вода.

●Две лажици сода бикарбона ставете во бебешка купка,тоа помага кај реакции од пелените.

● За време на капењето во водата додајте сода бикарбона за да ја ублажите иритацијата на кожата.

● Освежете ја устата со плакнење на мешавина од вода и половина лажиче сода бикарбона.

● Сода бикарбона може да послужи и за длабинско миење на косата,измешајте ја со шампон и измијте за косата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.