Пет лаги кои ги изговараме додека сме на диета!

Објавено: 26 јуни, 2013, во 14:40 часот

Многу луѓе кои се одлучуваат на диета изговараат „бели“ лаги во кои и тие сами веруваат. Иако на прв поглед се симпатични тие лаги можат да станат и опасни бидејќи поради нив луѓето на крај не можат да ослабат.

Јадам само кога сум гладна

Дали е тоа вистина? Стручњаците велат дека всушност често јадеме кога чувствуваме емотивна празнина па храната ни доаѓа како утеха. Тоа се оние ситуации кога час време по обилниот ручек имате потреба за некои грицки. Дали и тогаш сте глади? Е не сте !

Ретко пијам алкохол

Ова е најчесто несвесна лага. Луѓето не пијат во работните денови па мислат дека ретко пијат а ги забораваат викендите и разните дружења како родендени или некои други прослави. Неретко многумина тогаш претеруваат со алкохолот. Освен што е штетен алкохолот и здебелува затоа намелете го неговото внесување.

Јас во главно се хранам здраво

Вистина е дека се повеќе луѓе денес се трудат да имаат здрав начин на исхрана. Повременото консумирање на таквите производи дава впечаток дека јадете здраво. Но кога ќе обратете внимание ќе сфатите дека повеќето производи кои ги внесувате организмот всушност и не се здрави.

Јада по пет шест мали оброци на ден

Клучниот збор овде  е – мали. Луѓето кои с ена диета навистина јадат така но тие во поголем број случаи не се мали. Поточно,големината на тие оброци драстично е поголема отколку што му е потребно на нашето тело.

Многу вежбам па смеам да имам обилни оброци

Ова е омилена „бела лага“ на сите оние кои сериозно се посветиле на слабеењето и тие навистина веруваат во тоа. Обилниот оброк нема да го снема со трчање од половина час. Калориите многу лесно се внесуваат во организмот но тешко е да се истопат.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.