Кога жените по породувањето се чувствуваат посакувано?
Објавено: 31 јули, 2013, во 07:18 часот
Резултатите од едно истражување кое било спроведено во Велика Британија покажале дека жените откако ќе се породат за да се чувствуваат повторно посакувано требало да поминат 409 дена.
Истражувањето било направено на илјада жени. Новите мајки признале дека им биле потребни околу пет месеци повеќе, отколку што очекувале, за да ја вратат совршената фигура. Самодовербата ја вратиле со повторно одење на работа.
Но, околу 10 проценти од жените тврдат дека им требале повеќе од две години за повторно да се почувствуваат посакувано. Додека 15 отсто од испитаничките изјавиле дека никогаш не го вратиле тоа чувство. Како причина за тоа ги навеле постојаниот умор, вишокот килограми, како и фактот дека немаат време за себе.
Дури половина од жените навеле дека самодовербата ја вратиле откако повторно почнале на работа.
