Излегувате ли со момче кое не ви се допаѓа?
Објавено: 31 август, 2013, во 07:17 часот
Дали моментно излегувате или барем некогаш сте зилегле со момче кое вам не ви се допаѓа? Вероајтно е така. Не морате да се грижите бидејќи секоја жена тоа го прави но и за тоа постојат неколку причини.Прочитајте кои се.
1. На прво место е несигурноста. Понекогаш за себе немаме убаво мислење а потоа доаѓа некое момче кое ни вели се најубаво за нас. Тогаш се заборава дека тој не ни се допаѓа па уживаме во тоа што ги примаме сите пофалби на сметка на нашето мислење,однос и останати работи во кои жените сакаат да бидат убави и забележани.
2. Друга причина е вниманието. Кога излегувате со некој кој ви се воодушевува и кој е подготвен се да направи за вас се чувствувате како да сте на седмо небо па не ни размислувате за тоа дека момчето кое ви се воодушевува воопшто и не ви се допаѓа.
3. Трета причина е секако стравот дека нема да најдеме личност со која ќе можеме да оствариме подлабока врска и за која нема да можеме да се врземе до крајот на животот. Тогаш забораваме на сите критериуми кои мора да ги има мажот од соништата и почнуваме да се забавуваме со некој кој воопшто не ни се допаѓа.
