Различен бакшиш во различни делови од светот
Објавено: 12 јули, 2014, во 06:09 часот
Во многу делови во светот оброкот претставува клучен дел од културата. Уметноста на оставање бакшиш, од друга страна, претставува малку поинаков културолошки момент кој се разликува од земја до земја.
Во некои делови од Северна Америка вообичеано е во ресторан да оставите бакшиш од 15 до 20 отсто доколку тој не е пресметан во сметката. Од друга страна, хотелските портири очекуваат еден до два долари, додека таксистите ќе бидат задоволни со бакшиш од 10 отсто од сметката за возење.
Меѓутоа, доколку се наоѓате во Кина или во Јапонија, од вас не се очекува да оставите бакшиш затоа што тоа инсиунира дека газдата не го плаќа доволно персоналот, што ќе ви помогне да заштедите за Хонг Конг каде што е вообичано да оставите 10 отсто од вкупната сметка.
А на другиот крај на светот, во места како што е Бурлингтон во Канада, на сметката е воведена посебна такса од 18 отсто. Сопствениците на ресторани го започнале овој необичен тренд за да ги доведат во ред гостите од Квебек кои оставаат мал бакшиш.
Во многу делови на САД минималната плата е значително помала од онаа во Канада, па персоналот претежно се потпира на бакшижот.
Погледнете во која земја колку бакшиш се остава:

