Њу Јорк, Бостон и Мајами ќе исчезнат од лицето на земјата!
Објавено: 12 јули, 2014, во 06:38 часот
Американските градови, меѓу кои Њујорк, Мајами и Бостон, речиси сигурно ќе исчезнат во следните 2.000 години, а за нивното пропаѓање ќе придонесе растот на нивото на морето поради глобалното затоплување.
Заради се поголемата емисија на јаглерод и глобалното затоплување нивото на морето за 100 години ќе нарасне за два метри, а за 2.000 години и до 10 метри.
Водечкиот автор на студија, Андреср Леверман, вели дека очекува дека на секое зголемување на температурата од еден степен целзиусов, нивото на морињата да порасне за два метри.
Сега се поставува прашањето со која брзина и до која мерка ќе се загрева атмосферата. Американскиот журнал „Nature Climate Change“ извести дека постојат индиции дека до 2.100 година атмосферата ќе се загрее за најмалку два степени Целзиусови, што значи дека нивото на морињата ќе порасне за четири метри.
Извештајот донесува мапа на која се прикажуваат подрачјата кои најмногу ќе бидат погодени од растот на нивото на морето, а во главно станува збор за крајбрежните области на истокот на американскиот континент, од Делавер до Флорида, и по должината на Мисисипи, Луизијана и Тексас.
Сите крајбрежни градови кои се наоѓаат на ова подрачје вклучувајќи ги и Њујорк и Бостон, во потполност ќе бидат под вода.
Но, научниците предвидуваат дека поради послаби морски бури, овие подрачја многу порано нема да бидат населиви, пишува Huffington Post.
