Лепи свои фотографии по градот за да најде девојка
Објавено: 30 јули, 2014, во 06:32 часот
Еден Американец дневно лепи по 500 свои фотографии по ѕидовите на улиците во њујоршкиот кварт Менхетен, за да го засака некоја жена, пренесоа локалните медиуми во САД.
Изморен од сајтовите за пронаоѓање на партнерка, педесетгодишниот Ден Перино одлучил да ја најде жената на својот живот преку лепење на свои фотографии по Менхетен.
Перино под своите фотографии напишал „Барам девојка!“ и го оставил бројот на неговиот телефон.
Досега добил над 100 телефонски повици, пред се од радознали девојки кои мислеле дека Перино се шегува.
