Кој кажува дека глувците не сакаат уметност?

Објавено: 30 јули, 2014, во 07:35 часот

Глувци го запоседнаа преубавиот парк во непосредна близина на парискиот музеј Лувр.

Овие глодари дење дрско и слободно се шетаат по тревниците исмејувајќи ги работниците на санитарната служба и плашејки ги туристите.

Врелото лето во Париз донесе бројни туристи кои со себе оставаат отпад од хранана која се насладуваат глувците.

Вработен во музејоткој им помага на работниците од службата за дератизација за АП изјавил дека бројот на глодари се зголемил и поради љубителите на животникои го отстрануваат отровот што се поставува.

Во паркот има густо насадени растенија во кои глувците се кријат но и трчаат наоколу.

„Многу е чудно што така се однесуваат. За тек така да излезат на дневна светлина мора да се накотени поприлично,“ рекол еден видно изненаден посетител на паркот Карусел, во близина на музејот во Лувр.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.