Живот во дивина: Незнаеле дека имало Втора светска војна

Објавено: 25 август, 2014, во 05:33 часот

При истражувањата во Сибир од страна на советските геолози во 1978 година од авион било забележано шестчленото семејство Ликов. Тие живееле изолирано во тајгата, без никаков контакт со остатокот од светот, несвесни дури и дека во меѓувреме се одиграла Втората светска војна.

“Бог ќе ми даде, ќе останам овде”, им рекла Агафја на геолозите кои што повремено ја посетувале и кои што и помогнале да го закопа татко и. И навистина, таа останала таму. Денес, по цели 25 години, Агафја набрзо ќе наполни 70 години и таа и понатаму живее целосно сама, стои напишано на интернет порталот на славниот Институт Смитсонијан.

Во изолацијата во која што живеле, членовите на семејството Ликов не знаеле ниту дека се случила Втората светска војна, ниту пак достигнувањата од современиот свет, кои кога им биле претставени, тие биле сосема шокирани. Одбивале да поверуваат дека човекот веќе стапнал на Месечината, но идејата за сателити им била блиска затоа што веќе и самите ги воочиле “ѕвездите кои што се движат брзо”. Карп Ликов, таткото во семејството, заклучил дека “луѓето нешто измислиле и го испраќаат на небото како оган и истото наликува на ѕвезда”.

Семејството на Агафја припаѓало на фундаменталистичката православна секта на староверци, која што во 17-от век одбила да ја прифати реформата на црквата и секој иден напредок, па оттогаш тие постојано биле изложени на прогони. Токму поради тоа, тие се повлекувале во оддалечените краишта. Кога во 1936 година бил убиен братот кој што работел со нив во полето, Карп Ликов го собрал семејството и се повлекле длабоко во шумата. Со него биле сопругата Акулина, синот Шавин (9) и ќерката Наталија (2).

Смртта на првите двајца не може да се препише на контактот со странците, затоа што тие починале од откажување на бубрезите, предизвикано најверојатно поради едноличната храна, меѓутоа Димитриј умрел како последица од воспаление на белите дробови, предизвикано веројатно од вирус кој што го добил од еден од странците кои што ги посетувале.

При првиот воспоставен контакт, научниците им понудиле леп, џем, бисквити и други намерници, меѓутоа тие сето тоа го одбиле, одговарајќи дека “тоа е забрането”. Единствениот подарок кој што го прифатиле била солта.

На прашањето дали некогаш јаделе леб, Карп одговорил дека тој јадел, но дека неговите деца никогаш не пробале. Нивната исхрана се состоела најчесто од компири измешани со мелен ориз и семе од коноп, а во зависност од сезоната, тие користеле и диви бобинки, трева, корења и мали гранки од дрвата. Во близина на колибата се наоѓа бистар поток, па така тие имале бистра вода за пиење во изобилство, а понекогаш фаќале и животни, односно Димитриј бил оној кој се усовршил во ловењето.

Без оглед на тоа, тие постојано живееле на работ на гладот, особено кога зимите биле силни или кога мразот им ги уништувал и онака малиот број на засадени дрвца.

Со себе тие зеле примитивен разбој, па од конопот кој што го одгледувале си ја изработувале облеката. Останатите предмети за домаќинство, затоа што оние кои што првобитно ги донеле со себе се уништиле, потоа ги изработувале од дрво и од кората на брезите, од кои што плетеле и примитивни опинци.

Меѓутоа, овие материјали не поднесуваат контакт со оган, а немале ни начин да ги заменат пропаднатите метални предмети, па најмногу проблеми имале околу подготвувањето на храната.

Суровата убавина на недопрените предели, во кои што семејството Ликов си создало дом, од најблиското човечко живеалиште е оддалечено повеќе од 250 километри.

И покрај тоа, членовите на ова необично семејство покажале необична досетливост при обезбедувањето на основните услови за живот, благодарение на оскудните средства кои што им стоеле на располагање. Тие биле интелигентни, иако зборувале со старински и тешко разбирлив јазик.

Од разговорите со своите родители, децата дознале дека постојат градови, високи згради и други земји освен Русија, а мајката ги научила и како да читаат, со помош на молитвеник и Библија, односно со единствените книги кои што тие ги поседувале.

 

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.