Чудно животно фотографирано во пештера кај Крф
Шкотот Харви Робертсон бил шокиран кога дома ги гледал сите снимки од летувањето – на една од фотографиите, настаната во пештера кај Крф, се нашло и животно кое сè уште никој не може да го препознае, пренесува “Daily mail”.
Јасно е дека морето крие тајни и суштества кои ги надминуваат границите на човековата имагинација.
Сепак, мора да запрашаме што би можело да биде тоа што се нашло на фотографијата на Харви Робертсон.
Овој 52-годишен турист од Шкотска бил на семејно патување со брод, во близна на грчкиот остров Крф, кога забележал мистериозен жител на морските длабочини, пренесува Daily mail.
Имено, турата предвидувала и посета на една пештера со чамец. Во пештерата настанале многу необични фотографии.
Робертсон објаснува: “Немам идеја што е ова, никогаш не сум видел нешто слично. Случајно го фотографирав во мала пештера на околу 35 километри од Албанија, на западниот брег на Грција”.
“Се обидов да ја снимам неверојатната боја на водата. Блицот не се пушти. Го забележав животното дури кога ги разгледував фотографиите. Потсетува на некое суштество од грчката митологија”, рекол Харви.