Легендата за Дедо Мраз
Легендата за Дедо Мраз започнува уште во далечната 280 година од нашата ера, кога се смета дека се родил Свети Никола, монах кој зрачел со својата добрина и несебичност. Многу легенди сведочат за чудотворната моќ на монахот кој целиот свој живот го посветил на несебичното помагање на болните и сиромашните, а се сметал и за заштитник на децата и морнарите.
Долги години подоцна холанѓаните почнале да го нарекуваат Sinter Klaas, кратенка од холандското име за Свети Никола ( Sint Nikolaas). Од холандското име Sinter Klaas произлегло името Santa Clause, име кое и ден денес се користи ширум светот.
Дедо Мраз е симбол за добрина, искреност и несебичност.
Без разлика дали верувате во него или не, секогаш ви мами насмевка и ве потсетува на детството и магијата на новогодишните празници.
Некои од нас сè уште веруваат дека некаде далеку, на северниот пол, во мала слатка куќичка живее Дедо Мраз, а деветте ирваси стрпливо чекаат да започне новогодишното патување.
Посакајте желба, верувајте во Дедо Мраз и навратете се во детството. Којзнае, ако навистина верувате, можеби ќе ги слушнете ѕвончињата на ирвасите и ќе почувствувате дека санката на Дедо Мраз прелетуваа над вашиот дом.
Легендата живее и носи радост секоја година, одново и одново.
