Италијански остров наградува со по 3 илјади евра млади парови за венчавка

Објавено: 23 септември, 2020, во 17:00 часот

sicilija fin

До 31 јули, наредната година, на Сицилија за венчавка млад пар ќе добие по 3.000 евра. Ваква одлука донесоа Властите на Сицилија.

Со барокни палати и вили, средновековните цркви и прекрасната природа Сицилија е привлечно место за церемонии.

Најпознатата венчавка што се одржа на островот е онаа од филмот „Кум“, во кој син на мафијашки кум се венчава со локална убавица. Оваа филмска венчавка ја лансираше Сицилија како едно од најценетите места за свадбени церемонии и поттикна формирање низа мали семејни фирми, кои се занимаваа со подготовка и организација на свадбени свечености.

До пандемијата на ковид-19, најбројните младенци и сватови беа од Америка и од Јапонија, но карантинот речиси целосно ја укина активноста што донесувала годишен приход од 50 милиони евра.

Последиците од кризата ги погодуваат не само фирмите што организираат свадби, туку и низа бизниси поврзани со тоа, какви што се кетеринг, фотографски услуги, келнери, хотели, печатници, а во загуба се и местата што се изнајмуваат за свадби, убавите сицилијански барокни вили и палати, музеи, манастири… Тоа беше причина локалните власти да им понудат подарок на младенците што ќе се одлучат да се заколнат на „вечна љубов“ на Сицилија.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.