Kenzo нова колекција инспирирана од „Медена земја“

Објавено: 3 октомври, 2020, во 16:53 часот

kenzoinspiracija fin

Новата пролетна колекција на францускиот моден бренд „Кензо“ беше отворена со креации инспирирани од македонскиот документарен филм „Медена земја“.

Дизајнерот на „Кензо“, Фелипе Оливиера Баптиста, е посветен на зачувување на природата. Тој користи само пластика што се рециклира и работи на повеќе еколошки проекти, меѓу кои е и оној што има цел да го зголеми бројот на тигрите во светот.

Kenzoinspiracija1 fin

Креации со пчеларски вел ја отворија неговата нова пролетна колекција за „Кензо“, која била инспирирана од „Медена земја“. Како што објаснува Баптиста, сликата за пчеларка му се појавила за време на она што тој го смета за момент кога човештвото е во преговори со екосистемот.

 – Сакав да претставам нешто за кревкоста на ситуацијата во која се наоѓаме. Секој се спушта на најниското ниво на ситуацијата – на ниво на страв и анксиозност – но се искачуваме високо сонувајќи за оптимизам и иднина и враќање на работите што ни недостигаат – вели тој за „Вог“.

Извор:vogue.com

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.