Како изгледа ерупција на замрзнат вулкан ? (ВИДЕО)
Објавено на 4 февруари, 2021 во 09:28
04.02.2021
Во казахстанските степи постои вулкан од мраз и снег кој исфрла подземна вода.
Артески бунари постојат насекаде на планетава. Тоа се подземни води заробени помеѓу цврсти карпи кои под притисок излегуваат на површината.
Во Казахстан постои еден интересен таков бунар кој пат си пробил низ мраз и снег и глетката е небаре се работи за снежен вулкан.
Очевидци тврдат дека овој „вулкан“ може да испушти вода во висина и до 14 метри.
Мите Јаначков