Дневен хороскоп за 24. јануари

Објавено на 24 јануари, 2022 во 09:40

Овен

На професионално поле, ќе ви се укаже шанса за активности кои можат да ве доведат до идеја да започнете приватен бизнис. Затегнатите односи со шефовите и лошата атмосфера ќе произведат екипа од луѓе со кои можете да планирате самостоен бизнис. На емотивно поле, одлично ви оди, задоволни сте.

Бик

Крајот на еден циклус на работа ќе ве направи многу горди. Вашиот удел е голем, а за награда очекувате материјална награда. Без разлика на вашите вистински заслуги, бидете подготвени за фактот дека финансиската добивка нема да биде пропорционална со вложениот труд.

Близнаци

Вашата концентрација не е на завидно ниво. Најмногу размислувате за уживањето со саканата личност и за егзотични патувања. Со духот сте далеку од местото на живеење, па пожелно би било на крајот од денот да се симнете од облаците, во спротивно ќе имате болно враќање во реалноста.

Рак

Транзитите ви носат шанса конечно на најдобар можен начин да ги претставите вашите досега погрешно сфатени идеи и да ја добиете поддршката од соработниците од кои најмалку сте очекувале. Љубовната ситуација не е онаква каква што сте ја замислувале и имате впечаток дека партнерот „бега“ од вас.

Лав

На професионално поле, со сите сили се обидувате да започнете од почеток. Вие сте личност создадена за нови проекти, но овој ден не е поволен за тоа. Одложете ги важните одлуки, особено ако сте во искушение да престанете да соработувате со луѓе за кои до денес сте имале одлично мислење.

Девица

Иако сѐ изгледа ветувачко, не е поволен ден за договори и какви било трансфери. Одложете ги сите деловни планови за некое време, бидејќи доколку сега започнете нови преговори, може да ве дочекаат големи компликации. Во моментов, надвор од вашето видно поле се информациите кои се клучни за вашиот проект.

Вага

Конечно би можеле да донесете одлука којашто ја одложувате толку долго. Откако кога веќе еднаш ќе се „скршите“ и ќе се победите себеси и својата неодлучност, ќе сфатите колку убавина има во преземањето одговорност. На овој начин дарувате слобода, како на себе, така и на партнерот.

Скорпија

Собирате храброст да ги соопштите вашите намери на членовите на семејството. Ситуацијата може да биде непријатна, но искреноста ќе ви се исплати. Не е сѐ така црно како што сега ви изгледа. На крајот, ќе добиете поддршка која сега ниту најмалку не ја очекувате.

Стрелец

Мала пауза многу ви значи. Краткорочното полнење со позитивна енергија е потпомогнато од вниманието на саканата личност која несебично ве опсипува денес. Уживајте во драгоцената пауза, ќе ви треба многу кондиција за претстојните обврски на работа.

Јарец

Постои шанса да ви се оствари желбата за промена на работното место. Внимавајте, мора да бидете свесни дека ако го направите тоа, тогаш влегувате во сосема нов живот, после кој нема враќање на стариот. Совет – размислете дали тоа е токму она што го сакате. Посоветувајте се со блиските.

Водолија

Доколку ја зрачите својата нервоза и напнатост кон саканата личност, големи се шансите кризата да ја префрлите и на вашата околина. Со помош на еден член од семејството ќе го вратите оптимизмот, иако реалната ситуација, и понатаму, бара голема претпазливост.

Риби

Направете компромис таму каде што не му е местото. Нагласено е дека им робувате на некои верувања и убедувања кои не се рационални. Доколку денес не го слушате советот на пријател, сето тоа би можеле да го дознаете на еден непријатен начин. Верувајте во добронамерноста на другите луѓе.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.