До 2100 година, колку ќе изнесуваат температурите на земјината топка?
Неконтролираното затоплување на планетата ќе донесе неверојатни температурни промени ширум светот, а на пример, многу градови во САД ќе се соочат со температурите кои денес преовладуваат на Блискиот Исток.
Климатските промени ќе донесат сосема нова климатска реалност за стотици милиони луѓе ширум светот, а новата анализа во САД покажува колку ќе се променат денешните климатски зони. Толку многу што до крајот на векот југот на САД може да се претвори во Блискиот Исток.
Во Македонија летово веќе имавме два топлотни бранови, како и поголемиот дел од Европа, а слична е ситуацијата и со делови од Северна Америка, каде во некои области температурата достигна 46 степени. Веќе се поставени околу сто температурни рекорди.
Сепак, ситуацијата нема да се подобри, а неконтролираното затоплување на планетата ќе донесе екстремни температури.
Анализата на организацијата Climate Central покажа дека до 2100 година, во просек, секој град во САД ќе ги има истите климатски услови како местата што се наоѓаат на 600 километри јужно од нив денес.
Така, Вашингтон ќе има температури слични на Остин, Тексас, Бостон ќе биде како Филаделфија, а жителите на Билингс, Монтана ќе се чувствуваат како оние што живеат во Ел Пасо, Тексас денес.
Градот на ангелите, Калифорнија ќе ја има климата на Тукспан, Мексико.
Температурите во гореспоменатиот Остин, главниот град на Тексас, денеска ќе ги достигнат оние на Дубаи, Феникс ќе биде Саудиска Арабија, додека Лас Вегас ќе ја доживее климата на Кувајт.
„Вистинскиот ризик ќе бидат топлотните бранови кои сега се само повремени и ќе стануваат подолги и подолги. Ваквите топлотни бранови ќе станат вообичаени и долготрајни, и токму тука лежи најголемата опасност“, вели Питер Жирар, портпарол на истражувачката организација.
Проекциите се добиени врз основа на податоците собрани од 1999 до 2020 година, со чија помош е утврден просечниот температурен тренд.
Потоа беа направени 20 различни проекции за раст на температурата во овој век под различни сценарија за климатски промени.
Тие, исто така, одлучија да ја споредат сегашната ситуација со сценарио во кое емисиите на штетни гасови не се драстично намалени и просечната глобална температура се зголеми за 3,6 степени Целзиусови до крајот на векот.