Џон Мекфал е првиот астронаут со физичка попреченост

Објавено на 28 ноември, 2022 во 12:27

Џон Мекфал е специјализант по ортопедска хирургија во Англија. Овој 41-годишен доктор во своето слободно време сака да трча и да вози велосипед на планина. Сега Мекфал стана првиот кандидат за астронаут со физички хендикеп во историјата, одбран од Европската вселенска агенција (ЕСА), пишува CNET.

„Секогаш сум имал голем интерес за науката, генерално, а вселенското истражување отсекогаш ми било интересно“ – изјавил Мекфал.

Тој имал сообраќајна несреќа на 19-годишна возраст и му била ампутирана десната нога. Несреќата не го спречила Мекфал да научи повторно да оди, па дури и да трча. Тој учествувал и на Параолимписките игри.

Џон е одбран во рамките на проект на Европската вселенска агенција за вклучување индивидуалци кои се квалификувани да станат астронаути, но имаат физички хендикеп поради кој обично не би биле примени.

„Науката е за секого. Вселенското патување, се надевам, исто така може да биде за секого“ – изјавил Мекфал.

Во средата Европската вселенска агенција одбра 17 нови кандидати за астронаути, од кои речиси половина се жени.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.