Кардиолозите не дозволуваат пет видови храна, погубни се за срцето
Иако преовладува мислење дека болестите на срцето се јавуваат претежно во постарото животно доба, ни младите не се имуни на овој здравствен проблем.
По бројот на смртни случаи, кардиоваскуларните болести го заземаат неславното прво место. Затоа, експертите предупредуваат која храна негативно влијае и го забрзува стареењето на срцето.
Црвено месо
Овој вид месо е богатo со заситени масти, а овие лоши масти се наоѓаат и во други намирници како павлака, путер и полномасни сирења. Можат да влијаат на подигнување на нивото на лошиот холестерол, како и дебелеење и дијабетес.
Печива и брза храна
Пекарските производи и брзата храна треба максимално да се избегнуваат бидејќи содржат транс масти, големи количини на зачини, шеќери и појачувачи на вкус, а сето тоа лошо влијае на човечкиот организам.
Алкохол
Прекумерната консумација на алкохол е исклучително штетна опција – може да го наруши сонот, да предизвика дехидратација и да го зголеми ризикот од појава на мозочен удар и срцеви заболувања. Алкохолот може да ги зголеми шансите за појава на крвни згрутчувања и зголемен крвен притисок.
Прекумерна консумација на кафе и пијалаци што содржат кофеин
Претерувањето со кафето и пијалаците кои содржат кофеин може да го зголеми ризикот од предвремено стареење. Големата количина на кофеин влијае негативно на работата на срцето.
Пржено и пресолено месо
Прженото и пресолено месо може да предизвика дехидратација, зголемен крвен притисок и појава на други кардиоваскуларни заболувања.