Жените трошат четири месеца од животот на пеглање!
Објавено: 12 февруари, 2013, во 10:40 часот
Кога би се склопила цела облека која една жена ја пегла во текот на животот, таа во просек би достигнала висина од 1248 метри, покажува ново истражување.
Неодамна, истражување спроведено во Велика Британија, покажало дека во четири од пет домаќинства пеглањето го извршува жената, како и дека 38% од нивните партнери никогаш не пеглале.
Третина анкетирани мајки се изјасниле дека подобро би вработиле некого да пегла за нив, додека една од пет жени признале дека на децата намерно им купуваат гардероба за да не пеглаат.
Наташа Кук, мајка на три деца, која викендите ги поминува пред даската за пеглање вели: “Имам три деца и маж кој никогаш не сум го видела со пеглата во рака. Може да замислите колкава е таа количина која морам да ја испеглам кога доаѓа викенд. Секако дека ми е многу досадно, но, некој мора и тоа да го прави.”
