Вештачко сонце за цел град!

Објавено: 29 јули, 2013, во 07:55 часот

Нова инсталација која трајно ќе го осветлува малиот град во текот на студените зимски месеци, прават градските власти.  Норвешкиот град Рјукан, пет месеци во годината, од септември од март се наоѓа во сенка поради планините кои го опкружуваат.

Во рамките на проектот „Огледало“, инженерите почнале да градат големи квадратни огледала на планините кои се наоѓаат околу Рјукан. Кога целиот проект ќе биде завршен, тој ќе рефлектира сончева светлина кон главниот плоштад на градот.

Овој проект е вреден околу еден милион долари, а со помош на хеликоптери се доставени првите огледала кои ќе бидат тестирани во септември. Се проценува дека кругот сончева светлина кој ќе се рефлектира на главниот градски плоштад ќе биде нешто поголем од 600 метри квадратни.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.