(ВИДЕО) „iPhone 12 – 5G“ со нов екран и нов изглед, за два дена ќе може да се купи
Епл ги претстави својот најнов паметен телефон „Ајфон 12 – 5-Г“, како и неговите „мини“ и „про“ верзии, со нов екран и нов изглед.
Цената на „Ајфон 12 – 5-Г“ изнесува 1.099 американски долари додека 999 долари на „Ајфон 12 – 5-Г мини“.
Двата паметни телефони се одликуваат со поквалитетно снимање во темно, „Ха-де-ер долби вижн“ видеа, како и со 50 отсто побрз процесор.
Полначот е всушност еколошки кабел што за своето производство изискува помала употреба и испуштање јаглерод, соопштија од компанијата.
Новите паметни телефони ќе бидат водоотпорни.
Епл ги претстави и двете верзии „Ајфон 12 – 5-Г про“ со екрани од 15,5 и 17 сантиметри, но и поквалитетна камера, односно 2,5 пати поголем зум.
Овие модели ќе бидат достапни во темносива, сребрена, златна и сина боја. Помалиот модел на пазарот ќе биде пласиран задутре, на 16 октомври додека на 6 ноември, поголемиот.
{vembed Y=KR0g-1hnQPA}