(ВИДЕО) Искреирана заштитна маска со можност за слушање музика
Поттикнати најверојатно од фактот дека луѓето сериозно на подолг временски период ќе се соочуваат со последиците на пандемијата со коронавирус , компанијата Maskfone се одлучи да искреира заштитни маски што ќе бидат покорисни за носење поточно ќе имаат вградени bluetooth слушалки.
Engadget пишува дека овие маски се предвидени за повеќекратна употреба со тоа што лесно се симнуваат слушалките од нив за да можат да се перат.
Маските се продаваат со инструкции за продажба поточно постојат нацртани знаци за почеток на репродукцијата и регулирање на јачината на звукот.
Инструкциите ви го покажуваат местото каде што се поставува контролерот за слушалките и исто така каде налегнуваат копчињата на него. Со маската, покрај слушалките добивате и пет N95/FFP2 филтри.
За граѓаните во САД, маската, слушалките и филтрите чини 50 долари.
{vembed Y=qZ3hce5MS_0}
