Една петтина од оздравените од Ковид – 19 развиваат психички проблеми !

Објавено на 10 ноември, 2020 во 16:33

kovid 19 fin10.11.2020

Вирусот Ковид – 19 сеуште претставува енигма за науката, но како што е веќе познато тој со сигурност го напаѓа и остава последици врз централниот нервен систем.

Ова се докажа и со студијата на Универзитетот од Оксфорд, чии истражувачи спроведоа анализа врз податоците на 69 милиони лица кои биле инфицирани со вирусот. Низ истражувањето тие добиле фрапантни информации, дека дури 20% од лицата во текот на 90 дена откога биле инфицирани развиле психички проблеми.

Најчести нарушувања кои се нотирани во извештајот се анксиозност, депресија и несоница, а истражувачите кај овие пациенти откриле и поголем ризик од деменција, пренесува новинската агенција Ројтерс.

Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.