Apple го претстави новиот „MacBookAir “, прв со свој процесор

Објавено на 13 ноември, 2020 во 12:35

Apple го претстави новиот MacBookAir прв со свој процесор

13.11.2020

Најголемата американската ИТ компанија „Епл“ вчера го претстави својот нов лаптоп „Мек-бук-ер“ (MacBookAir) и неколку други компјутери со нови процесори развиени од самата компанија.

Познавачите на ИТ индустријата велат дека овој потег дополнително технолошки ќе ги поврзе компјутерите и „Ајфон“ мобилните телефони на Епл. Тоа пак, би требало да значи и поголема продажба на компјутерите на „Епл“.

Продажбата на компјутери „Епл“ носи десетици милијарди долари заработка годишно, но сепак, тоа е помалку во однос на „Ајфоните“. Навестени се и низа апликации што можат да работат и на компјутери и на телефони. Во меѓувреме, Епл забележа голем скок во продажбата на компјутери благодарение на пандемијата на коронавирусот, на рекордни девет милијарди долари во последното, трето тримесечје.

Сите претходни компјутери на Епл имаа поддршка на „Интел“ процесори. Претставникот на Епл, Тим Кук рече дека компанијата ќе продолжи да соработува со Интел и „наредниве години“, без да појасни до кога точно.

Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.