Недостигот на сон е клучен фактор за развој на деменција и Алцхајмер

Доколку спиете помалку од шест часа, голема е можноста да се соочите со здравствени проблеми.
Доктор Ребека Робинс навела дека во мозоците на луѓето што спијат помалку од шест часа, се создаваат токсини што создаваат многу сериозни последици.
„Со текот на времето, овие токсини ќе се наталожат и ќе предизвикаат неврокогнитивни нарушувања. На крајот, може да дојде до појава на Алцхајмерова болест, односно деменција“, навела таа.
Докторката потсетила дека истражувањата покажале дека оние што немаат квалитетен сон имаат, исто така, двојно поголем ризик од настинки и грип. Клучно е да одредите време кога ќе одите на спиење и да се држите до планот.
Робинс, исто така, напоменала дека пред спиење не би требало да се користи мобилен телефон ниту кој било друг вид електронски уред. Медитацијата може да ви помогне да заспиете побрзо.
Температурата во просторијата треба да биде од 16 до 20 степени Целзиусови, бидејќи тоа е идеална температура на воздухот за спиење.
