Ноќен коктел за слабеење додека спиете: Вистинско чудо
Да, делува невозможно, но можете да го пробате овој напиток кој ќе ви ги „топи“ масните наслаги додека спиете. Важно е да знаете дека со овие состојки може да направите таканаречен ноќен коктел кој се пие пред спиење, а во текот на вашиот сон, тој ќе ви го забрза метаболизмот и ќе ви ги топи маснотиите.
Потребно ви е:
1 корен од ѓумбир
10-12 црвени јаболка
кора и сокот од 2 лимони
лажица мед
1-2 стапчиња цимет
4-5 литри вода
Подготовка:
Исчистете го ѓумбирот, исечете го на парчиња и ставете го во тенџере. Направете мали засеци на јаболката и заедно со корите од лимоните додадете ги во ѓумбирот. Додајте ги останатите состојки (освен медот) налејте со вода и поставете ја течноста на оган за проврие околу 8 минути. Кренете ја од оганот и оставете да се лади, па процедете. Оваа напивка се пие пред спиење, околу една чаша во која сте ставиле лажица мед. Добра е за детокс, против воспалителни процеси и секако – за слабеење.