Сите брендови на „Фолксваген“ го прекинаа огласувањето на Твитер

Објавено на 24 ноември, 2022 во 12:51

„Фолксваген“ е последниот производител на автомобили што ја прекина употребата на Твитер, откако социјалната мрежа ја презеде милијардерот Илон Маск, најбогатиот човек на светот.

Сите брендови на групацијата „Фолксваген“, меѓу кои се „Ауди“, „Ламборгини“, „Бентли“ и „Порше“, ги паузираат платените активности на Твитер, потврди компанијата во средата.

„Фолксваген“ претходно ги советуваше своите брендови да прекинат со секое платено рекламирање на платформата, објави Ројтерс.

„Ауди“ ќе продолжи да одговара на барањата на клиентите, но нема проактивно да објавува или да се рекламира на Твитер, соопшти компанијата.

И неколку други производители на автомобили презедоа слични чекори откако Маск го презеде Твитер кон крајот на октомври. „Стелантис“ го прекина рекламирањето, додека „Џенерал Моторс“ ја суспендира целата активност на Твитер за своите брендови.

Маск се обидува брзо ја реструктуира компанијата откако ја презеде контролата врз неа, отпуштајќи приближно половина од нејзиниот персонал и ажурирајќи ги политиките за проверка на налозите и упатствата за однесување.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.