Фризерите советуваат: Сокријте ги подраснатите бели влакна на главата!
Објавено на 23 април, 2013 во 09:05
Не сте во можност да се бојадисате и подраснатата коса се забележува. Фризерите советуваат како да го прикриете небојадисаниот дел.
1. Не смеете да ја пеглате косата и да носите рамни фризури туку да ја навиткате и да носите кадрици.
2. Жените со потемна боја на коса можат да купат темен прелив кој ќе им помогне да го прикријат израстокот.
3. Во колку подраснатите делови не се многу видливи тогаш употребете лента или некој друг моден детал за коса.
4. Подраснатата коса помалку ќе се забележува доколку имате фризура со волумен.
