Балсам за сува и оштетена коса!

Објавено на 21 мај, 2013 во 09:00

Сувата и оштетена коса е најголем предизвик кој бара големо трпение при одржувањето, бидејќи изгледа круто, без сјај и разлетано.

Ви предлагаме да ја омекнете и да и овозможите нежен изглед на сувата коса со балсам од жолчка од јајце и бебешко масло.

Потребни ви се : 1 жолчка од јајце, 1 лажица бебешко масло и малку вода.

Измешајте ги состојките во шише. По миењето со шампон, нанесете ја смесата на косата и оставете ја да стои 10 минути.  Измијте ја косата уште еднаш со шампон и млака вода.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.